1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски не прифаќа предвремени избори

Македонскиот премиер го отфрли барањето на опозицијата за организирање предвремени парламентарни избори.

Нема договор за предвремени парламентарни избори, изјави македонскиот премиер Никола Груевски, при потпишувањето на Декларацијата за заедништво, партнерство и локален развој со коалициските партнери. Според него, опозицијата со мерките што ги презема за отпор рекла народот греши, опозицијата не е виновна за тоа.

„Ние сме биле диктатори или режим, а тие биле отпор. Немам што да кажам сериозно околу ова, освен Бог да чува!“, рече Груевски.

Груевски, овојпат јасно порача дека условот на опозицијата за излегување на локалните избори, одржување и на предвремени парламентарни избори, нема да се оствари.

„Сега тие бараат договор за предвремени избори. Сакам јавно да кажам, одлучно, децидно - нема договор за предвремени парламентарни избори. Секој со својата одговорност“, додаде Груевски.

Тој упати јавна покана за меѓународен мониторинг за претстојните избори, а изрази и подготвеност за прифаќање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во делот на локалните избори согласно меѓународните стандарди и практики.