1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски не исклучува нова блокада од Грција

Грција се чини одбегнува интензивни преговори за името, изјави синоќа (14.06) во Скопје македонскиот премиер Никола Груевски на одбележувањето на 23-от роденден на ВМРО ДПМНЕ и 120-годишнината од основањето на ВМРО.

Премиерот Груевски истакна дека партијата во наредниот период ќе остане посветена на три сегменти: промени за подобри и поквалитетни идеи, поголема мобилност и промоција на вредностите, политика на отворени врати и лојалност која води до подобрување на стандардот со цел развој на Македонија. Тој укажа дека ВМРО ДПМНЕ останува отворена и посветена на исполнувањето на стратешките цели на државата - членство во НАТО и ЕУ, нагласувајќи дека пречката која стои на тој пат е двојно поголем мотив со двојно повеќе работа да се истрае на патот.

Груевски во својот говор рече дека Македонија во изминатите години доби многу позитивни извештаи од Европската комисија и препораки за почеток на преговорите за членство во ЕУ, по што секогаш следел статус кво.

„Нашиот јужен сосед Грција, за жал, личи како да одбегнува интензивни разговори за прашањето за името заради немоќта на државата и се обидува овој проблем да го скрие под тепих“, рече Груевски и притоа не ја исклучи можноста од нова блокада од Грција и нов изговор за попречувањето на македонските интеграции.

Груевски се заблагодари на Европската комисија и на сите поддржувачи на македонските заложби и бранители на принципите:

„Но очигледно е дека кај некои од нив поважна е политиката од принципите“; рече Груевски и додаде дека таквото попречување „нема да не‘ обесхрабри, туку само ќе не‘ мотивира“.

„ВМРО- ДПМНЕ е партијата која го чува грбот на државата“, порача Груевски.