1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Груевски: нема разлики со претседателот околу трансформацијата на армискиот имот

*

Нема суштинска разлика меѓу претседателот и премиерот за потребата од трансформација на воените касарни и болницата, изјави првиот човек на македонската влада Никола Груевски по средбата со претседателот Црвенковски, министерот за одбрана Еленовски и началникот на генералштабот Стојановски. Груевски додаде дека е формирана работна група којашто ќе изработи план за трансформацијата на недвижниот армиски имот. По повеќемесечните несогласувања на релација претседател премиер, Груевски денеска одговори дека кога станувало за работи важни за државата имале одлична комуникација.