1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Груевски “Нема да молиме за влез во Прохор Пчињски“

*

Денеска во Трново се одржува голем народен собир во организација на етничките македонци протерани од соседните земји. На средбата ќе присуствува и премиерот Никола Груевски. Шефот на владата вчера изјави дека министерството за надворешни работи не се откажало од прославата на АСНОМ во Прохор Пчињски. Македонија треба да престане да моли пред српската влада и црква и секоја година до последен ден да чека за можност за влез во манастирот Прохор Пчињски. Од тие причини владата се заблагодарила на евентуалниот одговор, пет дена пред одржувањето на настанот, бидејќи како што изјави Груевски, требало да се фокусира на подготовките на местото каде тоа ќе се случува. Додека не се разрешат односите меѓу МПЦ и СПЦ, Македонија не треба да дозволи такво недостиоинствено чекање до последен миг, изјави Груевски.