1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Груевски: нема владина криза

*

Нема криза во владината коалиција изјави денеска македонскиот премиер Никола Груевски кој додаде дека постојат мали проблеми кои ќе се решат. Груевски се надева и дека коалиционите партнери ДПА и НСДП ќе најдат начин да ги надминат недоразбирањата. ДПА најави дека ќе поднесе иницијатива за разрешување на министрите на НСДП, Јанкуловски и ќе го поддржи барањето на опозицијата за интерпелација на министерката Рафајловска. Лидерот на НСДП Петковски,повика на смирување на страстите и ориентирање кон неопходните реформи. Причината за спорот е тоа што НСДП во Собранието гласала за разрешување на заменик министерот за полиција Рефет Елмази, од редовите на ДПА, поради вмешаност во септемвриските инциденти во Парламентот.