1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски на турнеја во Австрија и во Германија

Македонскиот премиер Никола Груевски предводи висока владина делегација која денеска (21.11.2011) започнува мини турнеја низ Австрија и низ Германија, која ќе трае до четврток.

default

Премиерот на Р.Македонија, Никола груевски

Македонската владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски денеска и утре престојува во Австрија каде што ќе бидат презентирани можностите за инвестирање во Македонија.

Во рамки на посетата премиерот Груевски денеска ќе се сретне со австрискиот канцелар Вернер Фајман, а ќе учествува и ќе се обрати на завршната заедничка сесија „Перспективите по 8. Виенски економски форум“. Тој ќе има средби и во Федерацијата на австриската индустрија.

Österreich Bundeskanzler Kanzler Werner Faymann

Австрискиот сојузен канцелар Вернер Фајман

Можностите за инвестирање пред австриската бизнис заедница ќе бидат претставени утре на Македонско-австрискиот бизнис форум. Премиерот утре ќе има средба и со претседателот на Стопанската комора на Австрија Кристоф Лајтл.

Во среда и во четврток е предвидено владината делегација да ги посети германските градови Минхен и Диселдорф, каде слично како и во Австрија  пред локалната бизнис заедница ќе претстави можностите за инвестирање во Македонија.

Според најавата, на средбите ќе бидат претставени активностите што ги презема владата во Скопје за подобрување на бизнис климата, поволностите што ги нудат технолошко-индустриските зони, како и активностите за промоција на Македонија како добра дестинација за инвестирање.

Автор: СН/ БГ/ миа/ макфакс

Редактор: Александра Трајковска