1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски му пишал писмо на Самарас

Во пораката, македонскиот премиер бара од грчкиот колега на заедничка средба да изнајдат начин за надминување на спорот за името и за одблокирање на почетокот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

Премиерот на Република Македонија Никола Груевски минатата недела му упатил писмо на премиерот на Република Грција, Андонис Самарас, во кое му предлага начини за надминување на застојот во разговорите за разликите за името на државата, објави електронското издание на весникот „Дневник“.

Да се видиме уште оваа седмица, нагласува Груевски во писмото. Дипломатски извори, кои за „Дневник“ го потврдиле ова, истакнуваат дека станува збор за писмо со чија содржина се предлага нешто што е многу посуштинско од средбите меѓу премиерите на двете држави што се случувале во минатото.

Патем Груевски во писмото до Самарас вели дека во секој случај, веројатно, двете земји би имале придобивка од решение, што во овој момент не е можно бидејќи разговорите не напредуваат така како што би требало и така како што се очекува.

Поради тоа, тој му предлага на Самарас создавање тимови на чело со

EU Haushaltsgipfel Antonis Samaras

Андонис Самарас

премиерите на двете држави, кои директно би разговарале за решавање на спорот и бара поддршка од Самарас за почетокот на пристапните преговори на РМ со ЕУ. Груевски во писмото ја бара поддршката од Самарас за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Според македонскиот премиер, тоа не само што ќе придонесе за посветла иднина за двете земји и за регионот туку и ќе ја подобри климата за успешно затворање на проблемот за името.

Груевски потенцира дека разговорите би се одвивале во рамките на мандатот на амбасадорот Нимиц за изнаоѓање решение и дека Република Македонија искрено посакува Грција и денес да биде истакнат партнер и поддржувач на државата во отпочнување на пристапните преговори со Унијата.