1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски му нуди лидерска средба на Црвенковски

Премиерот и претседател на ВМРО–ДПМНЕ Никола Груевски денеска го поканил претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски на средба на која ќе се разговара за актуелните политички состојби во земјава

Според предлогот на премиерот Груевски средбата би се одржала утре во клубот на пратениците во Скопје со почеток во 13:30 часот. На средбата би се разговарало за изнаоѓање решенија за политичката криза и за учество на Социјалдемократскиот сојуз на претстојните избори.

Во поканата која Груевски ја испратил до Црвенковски пишува дека средбата е во контекст на предизвиците кои се поставени пред државата, а кои бараат одговорно и сериозно поставување, внимание и заштита на државните интереси, како и на интересите на сите граѓани на Република Македонија

„Република Македонија во рамките на својот државно-правен развој се соочувала со предизвици од различен карактер, кои со мудро и одговорно однесување успевала да ги надмине и да извлече позитивни пораки, а притоа и да стане посилна“, истакнува Груевски во поканата.

Nikola Gruevski Ministerpräsident Mazedonien

Поканата за средба ја испрати Груевски

За­се­га не­ма пот­вр­да од СДСМ да­ли ја до­би­ле по­ка­на и ка­ко ќе од­го­во­рат. Потпретседателот на партијата Гордан Георгиев на вчерашната прес-конференција изјави дека СДСМ би учествувал на евентуална лидерска средба, но оти таа би требало да биде иницирана од власта.

Премиерот Никола Груевски вчера нај­а­ви дека би можел да свика лидерска средба како излезно решение за кри­зата

Поканата за лидерска средба следи откако СДСМ заедно со другите партии од Сојузот за иднината, блокираа крстосници во Скопје и во другите градови низ Македонија, организираа граѓански парламенти, на кои го искажуваа незадоволството од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ со коалициските партнери. Ова се случува секојдневно по 24 декември, кога опозициските пратеници беа исфрлени од собраниската сала, а истовремено беа отстранети и новинарите од галеријата. Од тогаш, СДСМ и другите опозициски партии, освен ДПА, не учествуваат во работата на Собранието.