1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски и Црвенковски не постигнаа договор

На денешната средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски не е постигнат никаков договор за надминување на политичката криза.

Како што изјави Груевски по едночасовната средба, Црвенковски настапил со ултиматум и го повторил барањето за одржување превремени парламентарни избори заедно со локалните, што за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо. Груевски рече дека ВМРО-ДПМНЕ не е ниту за тоа парламентарните избори да се одржат истовремено со претседателските. ВМРО-ДПМНЕ ќе оди на локалните избори, бидејќи, како што наведе, СДСМ не е единствената опозициска партија во Македонија.

Лидерот на СДСМ Црвенковски, пак, изјави дека остануваат на ставот за предвремени парламентарни избори и само во тој случај би се вратиле во Собранието. Ако нема парламентарни избори, СДСМ не се враќа во Парламентот и нема да учествува на локалните избори, рече Црвенковски. Според него, Груевски денеска настапил како ништо да не се случило на 24 декември. Предложил опозицијата да се врати во Собранието и дијалогот да продолжи онаму каде што застанал на 24 декември. Црвенковски смета дека Македонија се наоѓа во политичка криза и оти излез од неа се парламентарни избори на кои граѓаните би решиле во кој правец државата ќе оди во наредниот период.