1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски и Папандреу ќе се сретнат в петок

Европската унија притиска спорот со името да се реши пред 7 декември. На крајот на неделава, најавена е средба меѓу премиерите на Македонија и на Грција.

default

Првата средба меѓу Груевски и Папандреу (архива)

В петок, на грчката страна од еко-паркот Преспа, треба да се оствари средба меѓу македонскиот и грчкиот премиер Никола Груевски и Јоргос Папандреу. Според најавите, двајцата премиери ќе ја тестираат подготвеноста, до 7 декември да се најде решение само за името, а другите отворени прашања да се решаваат подоцна. Спорот меѓу Македонија и Грција, и европските интеграции денеска (23.11.09) беа тема на трибината во Скопје, во организација на институтот „Павел Шатев“. Ставовите на експерите слушнете ги во аудио- записот.

Автор: АЧ/АТ