1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски и Папандреу на средба во Преспа

Премиерите на Македонија и на Грција, Никола Груевски и Јоргос Папандреу во рок од еден месец ќе остварат втора билатерална средба. Средбата ќе се одржи на крајот на неделава во Преспа, на грчка територија.

default

Македонскиот и грчкиот премиер, Никола Груевски и Јоргос Папандреу

Македонскиот премиер Никола Груевски и неговиот грчки колега Јоргос Папандреу ќе се сретнат в петок во Преспа, на територија на Грција на маргините на регионалната средба за климатски промени. На средбата, како што потврдија владини извори, се очекува да се разговара во врска со исходот од Министерскиот совет што ќе се одржи на 7-ми декември во Брисел и можноста да се избегне грчка блокада за одредување датум за почеток на преговори со ЕУ.

Средбата ќе се одржи на иницијатива на македонската страна. Во рамките на регионалната средба за климатски промени, закажана за в петок во Преспа, ќе се одржи и прва трилатерална средба на премиерите од Македонија, Грција и Албанија.

Автор: АТ/ЕМФ/миа

DW.COM