1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски и Николиќ за добрососедски односи

На средбата на македонскиот премиер Никола Груевски и српскиот претседател Томислав Николиќ во Скопје истакната заложбата за градење добрососедски односи меѓу двете земји. Николиќ денеска (27.10) ја продолжува посетата.

Српскиот претседател Томислав Николиќ денеска ја продолжува тридневната посета на Македонија.

Како што соопшти Кабинетот на премиерот Груевски, на средбата синоќа (26.10.2012) беа истакнати добрите билатерални односи кои постојат помеѓу двете земји и беше изразена посветеноста за нивно понатамошно надградување и динамизирање. Беше потенцирано дека двете земји ќе продолжат да работат  на зголемување на економската соработка, засилување на трговската размена и поддршка на инфраструктурните проекти кои се од интерес за двете земји.

Премиерот Груевски го истакна македонското искуство во поглед на реформите кои ги спроведува државата и кои наидоа на позитивни оценки од Европската комисија во последниот извештај за напредокот на Македонија кој содржи позитивни квалификации за напредокот на земјата и препорака за определување на датум за почеток на преговори за членство на Македонија во Европската унија.

Соговорниците, како што се наведува, разговараа и за реформите кои ги спроведуваат двете земји за унапредување на различните општествени сфери, со осврт на справување со последиците од европската должничка криза, и механизмите и можностите за надминување на предизвиците кои се предизвикани од неа, и обезбедување на услови за раст и развој на економиите и подобрување на стандардот на граѓаните.

Mazedonien Gorge Ivanov bei der PK mit NATO Anders Fogh Rasmussen in Brüssel

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов

Проблемот меѓу Македонската православна црква и Српската православна црква не е нерешлив, ние сме тука да помогнеме дијалогот меѓу двете цркви да се интензивира, заклучија претходно претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов и претседателот на Србија, Томислав Николиќ по средбата во Вилата на Водно.
„Мислам дека многу работи зависат од добрите односи меѓу двете држави. Ако ги убедиме сите наши граѓани дека пријателството е искрено, тогаш и двете цркви ќе почнат да размислуваат за решавање. Не гледам дека тука постои судир кој не може да се реши“ рече Николиќ.
За реакцијата на бачкиот епископ Иринеј, кој негодуваше поради тоа што епископот Лаврентије побара да се расправа за автокефалноста на МПЦ, Николиќ рече тоа можеби и било знак дека црквите сами можат да го решат ова прашање.
„Констатиравме  дека црковните прашања бараат црковни одговори. А ние како лидери на двете соседни земји тука сме да помогнеме тој дијалог да се води поинтензивно. И јас и претседателот Николиќ имаме разбирање за тоа што било досега и тука сме да помогнеме црковните авторитети да најдат начин, дијалогот кој е блокиран да продолжи“ изјави Иванов.

Ова е прва официјална посета на Николиќ откако тој стана претседател на Србија. Со оваа посета, според него, Србија покажува дека нејзе и‘ се драги и земјите кои ја имаат признаено независноста на Косово и оние кои ја немаат признаено.
Тој им се заблагодари на македонските власти што му овозможиле да ја одбележат 100-годишнината од Балканската војна.
„Сите големи битки кои Србија ги водеше во Балканските војни, се водеа на територијата на Македонија, од османлиското ропство, истовремено беа ослободени и Косово и Метохија и Скопје“, рече Николиќ.