1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски и Заев: Последна шанса за договор

Премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ Зоран Заев договорија пролонгирање на рокот за усвојување на извештајот во Комисијата која треба да ги разјасни настаните од 24 декември.

Претседателот на Владата Никола Груевски и лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната средба (19.08) се договориле крајниот рок за постигнување согласност за Извештајот на комисијата за настаните на 24 декември да биде пролонгиран до петок, по што доколку не биде постигната согласност ќе се смета дека не може да се постигне конечно решение.

Во заедничкото усогласено соопштение се наведува дека Груевски и Заев се договориле во периодот што следува да се вложат последни напори за откочување на процесот, негово интензивирање и донесување конечно решение околу извештајот на Комисијата, како последен обид за постигнување на договор, чие евентуално недонесување ги загрозува европските перспективи на Република Македонија. За договорените активности во наредниот период јавноста ќе биде навремено информирана, се вели во соопштението.