1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски и Ахмети се ракуваа

Двајцата лидери се сретнаа на денешниот дијалог на политичките партии кој го организираше невладиното движење „Разбуди се“.

Скопје,Камен мост

Скопје,Камен мост

Македонскиот премиер Никола Груевски побара Али Ахмети да го потпише Рамковниот договор.Лидерот на ДУИ инсистира премиерот и владата да понудат политичка платформа за правата на Албанците околу јазикот,за застапеноста во државната управа,за правата на припадниците на ОНА,во јакнењето на децентрализацијата и автономијата на општините.Водачите на власта и опозицијата по подолго време се собраа да дебатираат за дијалогот на партиите,што го организираше невладиното движење „Разбуди се“.По неколумесечен конфликт па и лична нетпрпеливост Груевски и Ахмети конечно се ракуваа,ккао прв знак на мало премостување на огромните разлики.Премиерот сепак ги наметнува економските приоритети,лидерот на ДУИ националните интереси на Албанците:

„Знаејќи дека помина времето на популистичките лидери и на демагозите од различен калибар,мораме уште повеќе и подобро да се ангажираме во реформата на Македонија,одбирајќи ги своите политички партнери и најсоодветни кадри кои ги нуди оваа држава,мораме да ја смениме темната слика за македонскиот политичар.

Премиерот Груевски на заминување од дебатата во Старата скопска чаршија не остана на уште едно неформално дружење во Ахмети.Челникот на ДУИ со познатиот став и остра критичка интонација кон власта и отсуствоот на слух кај Груевски затоа што не го прифати процесот на интегрирање на ДУИ во владата.

„На моите гласачи и на АЛбанците морам да им објаснам зошто не е уважен нивниот глас,гласот на избирачите.ДУИ не влезе во владата и тоа не е добра основа да се води успешен дијалог„,рече денеска Ахмети.

До него беше седнат екс премиерот и лидер во заминување на СДСМ Владо Бучковски.

„Мене повеќе ме загрижува навидум во овој момент ескалираниот,но според мене не е ескалиран судирот кој се случуваво албанскиот политички блок.За реваншизмот за кој говореше сега господинот Ахмети,за начинот на кој с енаправи упадот во академската заедница и немаше реакција за жал.“

Бучковски со остри критики за претседателот Црвенковски и неговата наводна инертност за политичкиот дијалог за актуелните и витални меѓуетнички односи во Македонија.На средбата во Стара скопска чаршија не дојде лидерот на ДПА Арбен Џафери,овојпат тој го игнорираше Ахмети,кој пак го бојкотираше првиот обид пред еден месец да се разговара за Рамковниот договор и неговата реализација пред еден месец кога организатор беше германската фондација Конрад Аденауер.