1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски иницира дијалог со опозицијата

Македонскиот премиер Никола Груевски покрена иницијатива за деблокирање на политичкиот дијалог со опозицијата. Лидерот на СДСМ ја прифаќа поканата.

default

Никола Груевски

Во наредните два до три дена можно е да се одржи лидерска средба меѓу претседателите на владејачката и на најголемата опозициска партија, Никола Груевски и Бранко Црвенковски. Иницијативата за одмрзнување на политичкиот дијалот меѓу власта и опозицијата потекнува од премиерот Груевски и дојде на само 10 минути пред најавената прес-конференција на лидерот на СДСМ. Црвенковски соопшти дека ја прифаќа поканата, но и натаму останува на гледиштето дека за фер и

Mazedonischer Präsident, Branko Crvenkovski

Бранко Црвенковски

демократски избори е потребен консензус меѓу сите парламентарни партии, измени во изборниот законик, донесување на правила за медиумско претставување, како и закон за медиуми. Шефот на СДСМ соопшти дека како знак на добра волја за забрзување на постапката за распишување вонредни парламентарни избори бил симнат приоритетот за одмрзнување на сметките на А1 ТВ и трите весници.

За претседател на ДИК Извршниот одбор на СДСМ го предложи адвокатот Борис Кондарко, поранешен пратеник. И тоа е знак дека СДСМ не сака да купува време во тактизирање за брзо распишување на изборите, доколку Груевски има храброст и одважност да се соочи со создадени услови за фер и демократско гласање, порача Црвенковски.

Денеска македонското Министерство за правда иницира измена во кривичниот законик, според која кривично ќе бидат казнети партиите и поединци што ќе користат буџетски средства за изборна кампања.

Автор: АЧ/ ГЧ

Редактор: Александра Трајковска