1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски денеска на средби со Клинтон и Бајден

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска (16.02.2011) во Вашингтон ќе има средба со американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон, како и со потпретседателот Џо Бајден.

default

Никола Груевски

Македонскиот премиер Никола Груевски доцна синоќа по македонско време се сретна со помошникот државен секретар задолжен за Европа и Евроазија, Филип Гордон, како подготовка на денешната средба со потпретседателот Џозеф Бајден и државниот секретар Хилари Клинтон. Предмет на разговорот, според извори од македонската делегација биле решението на спорот за името што е единствената преостаната пречка за членство на Македонија во НАТО и пристапните преговори со ЕУ.

Во македонската делегација, покрај премиерот се и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и шефот на Кабинетот на премиерот Мартин Протоѓер.

Автор: ЖА/БГ/макфакс

DW.COM