1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски: Делата на Глигоров ќе останат запишани во македонската историја

Киро Глигоров ќе остане запаметен по неговите сериозни заслуги за создавањето и развојот на Македонија, се вели во телеграмата со сочувство од премиерот Никола Груевски до семејството на поранешниот претседател.

default

Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски по повод смртта на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, од името на Владата и од негово лично име, денеска упати писмо со сочувство до семејството на Глигоров.

„Киро Глигоров, како учесник во Народноослободителната и Антифашистичка борба и секретар на иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, а подоцна и член на Президиумот на АСНОМ, и како прв претседател на самостојната и независна држава, ќе остане запаметен како човек и политичар кој имал сериозни заслуги и придонеси во ослободувањето, создавањето, меѓународната етаблираност и развојот на Република Македонија. Неговите дела ќе останат запишани во македонската историја и во колективната меморија на нашиот народ и граѓаните на Република Македонија“, се посочува во писмото со сочувство од премиерот Никола Груевски до семејството на Глигоров.

Автор: АТ/ миа

Редактор: Борис Георгиевски