1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски: Грчките налепници се недостоинствени

Македонскиот премиер Никола Груевски вели дека не би бил изненаден грчките власти на македонските граѓани и на чело да им лепат од спорните налепници со ознаката „ФИРОМ“.

Останува на секој граѓанин да си процени како ќе се однесува со едно такво дрско и недостоинствено однесување од страна на Грција, со лепењето налепници на регистарските таблички на возилата од Македонија, истакна премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Клиниката за детски болести - Скопје.

„Секој ќе си постапи според своите мерила и размислувања. Тоа е од една страна, но од друга страна не ме изненадува Грците да почнат да им лепат и на чело на нашите граѓани по една таква налепница. Луѓето како да даваат се’ што е во нивна моќ да не доаѓаат туристи од Македонија во Грција“, рече премиерот Груевски.

Како Владата, додаде Груевски, „имавме реакција, дадовме протестна нота, но од другата страна ни беше одговорено дека тоа е дел од Спогодбата од 1995 година, потпишана од СДСМ во тоа време, за која кажуваа дека ќе биде само два месеци БЈРМ и после ќе се смени, меѓутоа гледаме дека последиците се уште траат“.