1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски го доставува списокот на идниот кабинет

Мандатарот Никола Груевски, на последниот ден од рокот утврден со уставот на Македонија ќе го достави списокот на имињата на министрите од новиот владин кабинет.

default

Мандатарот Никола Груевски

На последниот ден од рокот предвиден со уставот, мандатарот ќе го достави списокот на идниот кабинет. По 15 денови Собранието ќе гласа за новата влада. Интересно е дека досега премиерот не го информира претседателот на државата за кандидатите за министри за одбрана, дипломатија и полиција, што досега беше добра политичка практика. Во меѓувреме политичките тензии ги зголемува ДПА со најава за апстинирање на своите 11 пратеници од работата на парламентот.