1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Груевски ги соопшти имињата на министрите во владиниот кабинет

Вистински имиња за новата влада- вака мандатарот Никола Груевски го промовираше својот тим, со кого треба да работи на спроведување на програмата насочена пред се кон закрепнување на економијата во земјата. Приориртет за новата влада ќе биде и борбата против корупцијата и криминалот.

Никола Груевски

Никола Груевски

Две жени, четворица странци македонски менаџери експерти во светски компаниии, во комбинација со млади партиски кадри од кои само четворица биле дел од претходните влади - тоа е првиот впечаток од составот на новиот кабинет на идниот премиер Груевски.

По партискатат верификација во ВМРО ДПМНЕ лидерот и мандатар со кус коментар за иднинте владини приоритети „Приоритет ќе дадеме на она што се вели закрепнување во економската сфера. Тоа нема да биде ниту брзо ни лесно, меѓутоа со една макотрпна работа, со многу енергија, со ммнгоу труд, со многу залагање со чесен пристап кон работата, со организирана и тивка работа мислам дека ќе почнеме да ја придвижуваме Македонија во една подобра насока. Исто така приоритет ќе биде борбата против корупцијата и криминалот како и намалување на ова високо ниво на корупција и криминал што го има Република Македонија. Се разбира спроведувањето на правото и остварувањето на правата на сите граѓани на Република Македонија“ кажа Никола Груевски.

По сите медиумски шпекулации, Никола Груевски во последен момнет изврши рекомпонирање на министрите. Антонио Милошовски ќе биде шеф на диполматијата, евро – секторот ќе го води Габриела Коневска, шеф на Транспарентност во Македонија и соработник на Ерхард Бусек во Пактот за стабилност. Најголемо изненадување е младата Гордана Јанкуловска на местото прв полицац, сега генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ. Министер за правда ќе биде Михајло Маневески досега првиот анти – корупципионер и највозрасниот во идната македонска влада. Ресорот одбрана му припадна на младиот Лазар Еленовски како кадар на НСДП и лидерот Тито Петковски, еден од надежните социјалдемократи од лидерското време на Бранко Црвенковски. Мандатарот Никола Груевски се определи за тројна коалиција со Џафери и Пртковски кој се издвои од СДСМ и со својата фракција за само четири месееци стана партија за власт. Во обезбедувањето на поширока парламентарна подршка Груевски ќе се потпре и врз довчерашните сопартијци од партијата на ВМРО Народна но без пораншниот премиер Лубчо Георгиевски.

Иако ДУИ ги продолжува блокадите не е исклуичено во парламентот, за одделни национални закони, важни за Албанците, владата да ги има ласовите од пратениците на Партијата а демократски просперитет. „Ние во ПДП, ќе зборувам во име на ПДП од 1990 година сме биле и позиција и опозиција. Тие предлози кои биле добри од страна на владата, кои биле за добротот на граѓаните на Република МАкедонија ние сме ги поддржале. “ вели лидерот на ПДП Абдуљади Весели кој и натаму е во колаиција со ДУИ и Али Ахмети чии приврзеници одвреме навреме се појавуваат на еднонеделните блокади кои и денеска продолжуваат.

Со ваков збир на парламентарни гласови, Никола Груевски би можел да располага и со така нареченото Бадентерово мнозинство при донесеувањето на закони од меѓуетничкиот живот.