1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Груевски ги претстави приоритетите на новата влада

Мандатарот Никола Груевски лично им ги претстави проритетите на неговата влада, барајќи ја довербата на пратениците. Додека едниот дел од пратениците дебатираа во собранието, пратениците на ДУИ и ПДП од надвор со протести ги спореа приоритетите на новата влада.

Никола Груевски, победник на изборите

Никола Груевски, победник на изборите

Мандатарот Никола Груевски половина час ги образлагаше владините, пред се економските приоритети. Со мирен глас со малку трема, елегантно облечен со препознатлива портокалова вратоврска. Исто толку и истовремено пред парламентот, приврзениците на ДУИ и ПДП заедно со 17 те избрани пратеници го спореа политичкиот легитимитет на идниот македонски премиер. Парламентарната дебата за програмата на шестиот македонски премиер продолжува. Собирот на околу пет до седум илјади Албанци заврши. Дел од нив од собранието се упатија кон локацијата во Скопје каде ќе се постави споменикот на Скендер Бег. Пропадна обидот на една група од Албанците да влезе насилно во парламентот и да ги пробие полициските блокади. За првпат се случува изборот на новата македонска влада да биде проследен со масовен анти – владин протест. Денеска предводен од лидерите на ДУИ и ПДП Ахмети и Вејсели, чии пратеници не учествуваат во изборот на кабинетот на Груевски.

Владата прогнозира 6 до 8 насто пораст на бруто општествениот производ за време на владеењето на кабинетото на Груевски, соопштио идниот премиер „Владата на Република Македонија ќе пристапи кон решавање на акумилираните проблеми преку нова развојна парадигма, во која основни економски принципи се економска слобода и еднакви услови за работење за сите субјекти. Динамично спорведување на структуурните реформи и партнерски однос на државата кон сите релевантни субјекти, а посебно кон приватниот сектор со цел да се забрза неговиот развој и да се креираат нови работни места.“

36 годишниот мандатар Никола Груевски се декларира како премиер чија преокупација ќе бидат економските реформи и социјалната стабилност на граѓаните. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ не пропушти да ги истакне симбиозата на внатрешно економската стабилност и надворешно – политичките приоритети

„ Со изввонреден напор на сите макеодснки граѓани, силите на мирот во случајот на Република Македонија се покажаа посилни од силите на војната. Интеграцијата на Република Македонија во ЕУ и НАТО на кои најсериозно ќе работиме ќе означат дефинитивна победа на мирот, соживот и етничка толеранција кон кои ние како влада и држава ќе се стремиме. Во насока на исполнување на целта за членство во НАТО во 2008 година со голема сериозност ќе ги реализираме обврските одредени во акциониот план за влез во НАТО и реформите предвидени во овој контекст.“

Ќе ги продолжиме разговорите со Грција околу решавањето на спорот со името, ќе признаеме секое решение за Косово во согласност со меѓународната заедница. Толку за меѓународните отворени прашања во регионот, говореше пред парламентот Никола Груевски, чија влада најверојатно денеска до полноќ ќе ја добие довербата на парламентарното мнозинство, составено од НСДП и ДПА.

Излагањето на Груевски го следеше претседателот Бранко Црвенковски и дипломатскиот кор. И до нив допираше фолклорниот амбиент и извиците на дел од албанскиот електорат. Во амбиент, на моменти еуфоричен, меѓу друготот се читаа и дел од транспарентите „ Албанскиот глас е легитимен“ пишуваше на еден од нив. Меѓу протестантните имаше и неколку жени со традиционалните мантили но и млади и модерни девојки.

„Гласот на Албанците никој не може да го одземе, ПДП и ДУИ повторно ќе победат“ говореше Абдуљади Вејсели челнкиот на ПДП.

Лидерот на ОНА и на ДУИ Али Ахмети, со остра порака до мандатарот Груевски „Како што победив 2001 година со војна сега ќе победам политички и економски. Ахмети ја почитува државата и македонското државјанство, нема да се дозволи со Македонија да раководат луѓе кои имаат бугарско државјанство“, порача лидерот на ДУИ пред околу 5.000 свои приврзеници за време на говорот на идниот премиер Никола Груевски што во исто време се случуваше во македоснкиот парламент.