1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски во Хаг

Денеска во хашкиот притвор Шевенинген, македонскиот премиер Никола Груевски ги посети Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски. Груевски разговараше и со претседателот на судот во Хаг, Фаусто Покар и главниот обвинител, Карла Дел Понте.

Љубе Бошковски чека на судење

Љубе Бошковски чека на судење

Судијата Фаусто Покар, кој од минатиот ноември е претседател на трибуналот во Хаг, беше првиот соговорник на македонскиот премиер, Никола Груевски во Хаг. Фаусто Покар, професор по меѓународно право на универзитетот во Милано, нема претходна активна судска пракса, но има голем опит во светската организација на планот на заштита на човековите права. Тој во разговорите со Груевски зборувал за принципиелни прашања во врска со трибуналот и со претстојното судење. По разговорите со Покар, Груевски имаше средба со главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Карла Дел Понте, а кон пладне ги посети двајцата единствени Македонци, кои во затворот Шевенинген веќе 18 месеци го чекаат почетокот на процесот против нив. Љубе Бошковски, поранешен министер за внатрешни работи, е обвинет за командна одговорност за случајот Раштански лозја. Денешните активности на Груевски во Хаг имаат и билатерален карактер. Груевски на крајот на работниот ден разговараше со Јан Питер Балкененде, премиер на Холандија во оставка. Холандија речиси безрезервно, а финансиски многу значајно, ја поддржува суверена Македонија и нејзините развојни и демократски процеси. Од холандска страна уверуваат дека премиерот Балкененде и овојпат на Груевски само му ја потврдил таа позиција на неговата влада кон Македонија. Почетокот на процесот против Бошковски и Тарчулови пред трибуналот е веќе на повидок. Претпоставка е дека меѓу 101 сведок на обвинението, покрај другото ќе бидат и Владо Бучковски и Хари Костов, поранешно СДСМ-овски премиери и министри за одбрана, односно за внатрешни работи. Можно е и Али Ахмети и други првенци на ДУИ да бидат меѓу оние од чии искази обвинението очекува дека неговите аргументи ќе добијат поткрепа.