1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски во посета на Бугарија

Македонските политичари ги збиваат редовите за на меѓународната сцена да излезат со поофанзивна надворешна полтика.

default

Македонскиот премиер Груевски

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска е во официјална посета на Бугарија. Тој вчера во Софија на самитот на земјите на Централноевропската иницијатива изјави дека за Македонија во овој период е особено важно да има средби со сите, особено со претставниците на земјите кои ја поддржуваат на патот кон ЕУ и НАТО. Македонскта политика прави обиди да ги консолидира редовите и да настапи дипломатски поофанзивно на меѓународниот паркет.