1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Груевски во Португалија

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска во Лисабон ги повика португалските бизнисмени да инвестираат во Македонија. Во говорот пред стопанската и индустриската комора, Груевски ги презентираше предностите кои ги нуди земјата, која според него е на пат да стане успешна приказна во Европа. Главниот адут на Македонија и натаму се ниските даноци политиката на владата за воспоставување стабилен еконосмки пораст.