1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски бара средба со Пападимос

Македонскиот премиер Никола Груевски преку заменик премиерот во владата Теута Арифи испрати писмо до неговиот грчки колега Лукас Пападимос со барање за меѓусебна средба.

default

Никола Груевски

Средба што е можно побрзо – ова е барањето што преку писмо македонскиот премиер Никола Груевски го упатува до својот грчки колега Лукас Пападимос, а кое официјално вицепремиерката задолжена за европски прашања Теута Арифи ќе го предаде на денешната средба со грчкиот вицепремиер Теодорос Пангалос. Груевски во писмото вели дека, во име на доброседските односи, треба да се одржи средба меѓу него и Пападимос.

Македонскиот премиер изразува уверување дека една таква средба ќе претставува силен стимул и позитивен моментум за разговорите за прашањето за името, кои заедно со позитивната одлука и препорака на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, според Груевски, би биле и дел од заокружувањето на прашањата и решенијата во контекст на европските и евроатлантските интеграции.

Автор: СН/ макфакс

Редактор: А.Трајковска