1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски бара поддршка од Пападимос

Македонскиот премиер Никола Груевски преку писмо до неговиот грчки колега Лукас Пападимос бара грчката влада да поддржи одлука на Европскиот совет за отворање преговори за членство со Македонија.

default

Никола Груевски

Груевски во писмото ги истакнал реформите, предвидени со Копенхашките критериуми и претпристапното партнерство, кои се преземени за трансформација и модернизација на македонското општество, како резултат на кои Европската комисија три пати по ред препорачува почеток на преговори за членство на Македонија во Европската унија.

Македонскиот премиер подвлекува дека прифаќањето на повеќекратните препораки за отворање на преговори за членство во Европската унија ќе овозможи Македонија со голема мотивација да продолжи со социо-економскиот развој, и ќе има позитивно влијание на внатрешните реформи, на меѓуетничките односи и на регионалната стабилност. Отворањето на следната фаза на пристапниот процес ќе има позитивно влијание и на европскиот интеграциски моментум, вели премиерот Груевски.

Papademos neuer griechischer Ministerpräsident

Лукас Пападимос

Акцентирајќи го фактот дека Грција е најстара членка на ЕУ од регионот, која е промотор на Агендата 2014, која пак е основа на политиката на проширување за земјите од Балканот, Груевски му посочува на Пападимос дека Грција „може да даде одлучувачки придонес во ревитализацијата на европските процеси на интеграција на целиот регион” и дека нивната поддршка „на отворањето на преговори за членство, ќе придонесе за градење на позитивна динамика на интеграцијата на Балканот во Европската унија”.

Осврнувајќи се на случаите од минатиот период кои говорат дека отворањето на преговарачкиот процес за членство на определена земја во Европската унија, секогаш давал охрабрувачки предуслови за надминување на билатералните предизвици кои постоеле помеѓу некоја земја-членка на Унијата и земјата кандидат за членство, Груевски истакнува:

Griechenland Mazedonien Bildkombo Flaggen

„Јас сум убеден дека нашите две земји можат исто така да ги применат позитивните модели од минатото. Прифаќањето на европската методологија и отворањето на преговори за членство во Европската унија, ќе донесе позитивна клима за меѓусебна доверба која е потребна за перманентно решавање на преостанатите билатерални разлики помеѓу нашите две земји, во духот на европската соработка”.

Премиерот Груевски верува дека прифаќањето на процес на изнаоѓање на заедничко прифатливо решение додека трае процесот на преговори за членство може да инспирира позитивен развој на настаните, како и дека ваквиот пристап би овозможил соодветна рамка за изнаоѓање и имплементација на заедничко прифатливо решение засновано на почитување, разбирање и взаемен интерес.

Груевски апелира до грчката влада да ја искористи оваа уникатна шанса и со поддршка на одлука за отворање на преговори за членство на Европскиот совет во декември 2011 година да ги прошири придобивките од процесот на проширување во регионот.

Автор: ЖА/ЦН/миа

Редактор: Симе Недевски