1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски бара паралелни преговори со ЕУ и Грција

Премиерот Никола Груевски во Виена побара преговорите за членство на Македонија во ЕУ да почнат паралелно со разговорите за спорот со името со Грција.

default

Никола Груевски

Македонија да ги почне преговорите за членство со Европската унија, а разговорите за проблемот со Грција да се одвиваат паралелно со интегративниот процес. Ова е барањето што синоќа во Виена македонскиот премиер Никола Груевски го упатил на средбата со австрискиот канцелар Вернер Фајман. Груевски потенцирал дека најголемиот дел од земјите што досега се интегрирале во Европската унија имале билатерален спор со некоја од постојните членки, но тоа не било причина за блокирање на почетокот на пристапните преговори.

„Тој метод кој се применувал до доаѓањето на Македонија во оваа позиција секогаш завршувал успешно. Првпат се прави преседан со случајот со Република Македонија и тој преседан не дава добри резултати. Очигледно е дека во една таква добра атмосфера на некој начин со паралелни преговори шансите да се успее се многу поголеми во билатералниот спор отколку на ваков начин како што сега сме блокирани три години што создава негативна енергија, фрустрации и други проблеми“, изјави Груевски по средбата со Фајман.

Автор: БГ/ макфакс

Редактор: Симе Недевски

DW.COM