1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Грижници за спас на селата

Голем број села, особено во економски слабите региони на Германија, се празнат. Младите во потрага по работа си заминуваат. Има ли спас за селата или им се заканува изумирање? Спасот се бара во селските грижници!

default

Црква, автобуска станица, неколку гуски - тоа е тукуречи се’. Алткинкендорф е како многу други села во Бранденбург. Нивното време, се чини, полека, но незапирливо истекува.

Преостанатите околу 200 жители се резигнирани.

„Кој да остане кога речиси нема работа? Младите се иселуваат. И јас на децата им реков дека овде веќе ’нема леб’ и треба да си одат некаде на друго место. Не можам да ги задржам, колку и да е тоа тажно за мене“, вели селанецот Харалд Шиндлер.

Сепак, спасот е на повидок. Во Бранденбург ги измислија селските грижници. Ханс-Јирген Бевер е нешто како аниматор на Алткинкендорф. Тоа не е неинтересна административна работа каква што има селскиот кмет. Бевер може да прави што сака, важно е да внесе живот во селото. За тоа добива 400 евра месечно.

„Со сопствениот пример сакам да ги анимирам луѓето од селото да се придвижат, да станат активни и да сторат нешто за Алткинкендорф“, вели Бевер.

Селските грижници имаат визии. Виталниот пензионер, на пример, сака да ја искористи атракцијата што се наоѓа во непосредна близина:

13.03.2013 DW POLITIK DIREKT Dorfkümmerer

Ханс-Јирген Бевер

„Овде имаме букова шума, која е под заштита на УНЕСКО, таа е светско природно наследство. Да бидам јасен - во исто друштво сме со Грен Кенјон.“

Американскиот Грен Кенјон и буковите шуми на Алткинкендорф! Тоа е како рудник на злато и може да се искористи.

„Тоа е шанса за Алткинкендорф. Таква шанса нема да добиеме повторно, таа треба сега да се искористи и јас тоа го сторив.“

Ханс-Јирген Бевер е горд што е еден од првите селски грижници во Бранденбург. Во Собранието на градот, во чиј регон припаѓа селото, тој настапува многу самоуверено. Бара дозволи и пари и не попушта додека не го добие тоа што го бара. Во Градското собрание во меѓувреме се навикнати на тврдокорниот селски грижник, па дури сето тоа се смета и некако за добро. Биргит Ритер, заменик градоначалник на Ангерминде, оценува:

„Мислам дека тој може да ги поврзе конците во ова место, може да даде пример и да воспостави контакти. Со луѓето кои го поддржуваат, од здружението за негување на традициите или црковното здружение, може да направи први чекори, да постави цели на кои може натаму да се работи.“

Grumsiner Buchenwald

Буковата шума кај Алткинкендорф е под заштита на УНЕСКО и Бевер тоа сака да го искористи!

Селскиот грижник обезбеди 140.000 евра за нов туристички центар, а со негова помош е отворено и првото работно место - порано невработениот Дагоберт Валтер сега е одговорен за информативниот пункт. Тој е особено горд на кафетеријата што треба да биде отворена, зашто досега во селото немало такво нешто:

„Овде ќе се изгради кафетерија со кујна. Кога луѓето в лето ќе се вратат жедни од прошетката по нашето светско природно наследство, овде ќе можат да се напијат чаша чај, кафе или вода. Ќе можеме добро да ги услужиме.“

Ханс-Јирген Бевер одамна го има наредниот проект во фокусот. Старата црковна камбанарија би била одлична платформа за панорамски поглед. Така нови туристи ќе можат и одозгора да уживаат во Алткинкендорф и неговата букова шума под заштита на УНЕСКО.