1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Грешка која не смее да се повтори

Приемот на Бугарија и на Романија во ЕУ е типичен пример за политичка бесмислена одлука.Од оваа грешка може да се извлече само еден заклучок-не смее никогаш да се повтори,коментира Барбара Везел

default

Политичкото раководство на Бугарија и на Романија последниве недели го опсипуваше Брисел со уверувањата:ние сме зрели за прием во ЕУ,гласи нивната централна порака,а втората: не сакаме да бидеме примени како второкласни држави.Двете земји тврдат дека ги исполнуваат сите услови за да станат рамноправни членки на ЕУ.

Уште пролетта комесарот за проширување на ЕУ поднесе критички извештај за состојбата пред се во судството,полицијата,имаше забелешки на борбата против корупцијата и управата во земјите кандидатки.Оваа опомена во последен момент тој ја ублажи под политичкиот притисок,се слушаше во Комисијата.А она што тогаш произлезе од експертскиот извештај за вистинските состојби во Бугарија и во Романија ,посебно во судството и полицијата,укажуваше на загрижувачка слика.

Сепак,задоцнетите гости смеат да влезат во ЕУ на 1 јануари 2007 година, и тоа без веднаш да стапат на сила заштитните мерки.Тие без сомнение ќе бидат брзо активирани,ако и по приемот се покажат недостатоци.Приемот на Романија и на Бугарија во ЕУ е типичен политички рез,најголема бесмислица.ЕУ беше во положба на маневрирање од кое не постои разумен излез.Приемот на Романија и на Бугарја беше ветен,само требаше да следи подоцна од големото проширување со осумте други источноевропски држави плус Малта и Кипар.И како што тогаш требаше да се подзамижат очите за да се прифати способноста за приклучување на многу од новите,така сега и Бугарија и Романија бараат ист третман.

Всушност,двете земји се далеку од тоа да бидат рамноправни партнери и да бидат примени во ЕУ.Но,ни ако би биле оставени да чекаат уште една година,тоа не би ја подобрило состојбата,туку би ги ослабило реформските сили во Софија и во Букурешт.Значи,сега се вели,затворете ги очите и одете натаму.Сепак,најновите случувања во Унгарија и во Полска се јасно предупредување.Таму се покажа колку се уште лабилни новите земји под површината на наводната демократска приспособеност.Државните стрултури се слаби,европските вредности не се вкоренети,политичкото водство може да биде променливо како времето и не дава никаква гаранција за континуитет.Без постојаност и доверливост меѓутоа заедничката европска политика ќе стане хазардска игра,опасна и нервозна.

Од оваа политичка грешка на пребрзан прием не може да се извлечат никакви натамошни заклучоци, освен дека тоа не смее никогаш да се повтори.Изразувањето добредојде за новите членки меѓутоа во првите години ќе излезе повеќе изнудено отколку од срце.А политичарите од ЕУ при поздравувањето ќе треба уште еднаш да ја прикажат нивната главна уметност:да лажат без да поцрвенеат.