1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Граѓаните упорни, полицијата уште поупорна

На повидок е крај на блокадата на транспорот на нуклеарен отпад во Германија. Полицијата успеа да ги отстрани од шините околу 3000 демонстранти кои кај местото Вендланд повеќе часови го блокираа транспортот.

default

Граѓаните упорно го блокираа транспортот на атомскиот отпад

Железничката композиција со која се пренесува радиоактивниот отпад од Франција и кој треба да биде складиран во германското место Горлебен треба да помине уште 30 километри до Даненберг. Таму контејнерите со атомски отпад ќе бидат претоварени на камиони кои ќе се упатат до привременото складиште во Горлебен.

Припадниците на полицијата во текот на ноќта не попуштија во активностите за отстранување на демонстрантите кои на шините крај Вендланд поставија блокади со седење, за да го стопираат транспортот на радиоактивниот атомски отпад кон складиштето во Горлебен.

Противниците на атомската енергија одговараа со повиците „Ние остануваме тука“. Сепак полицијата трпеливо еден по еден успеа да ги отстрани од шините сите демонстранти.

Dossierbild Tryptychon Castor Behälter 3

Возот со контејнерите со радиоактивен отпад

Претходно синдикатот на полицијата соопшти дека дел од полициските службеници се повеќе од 24 часа на терен и се истоштетни. Блокадите со трактори спречија да биде извршена смена во полицијата.


Незадоволство од политиката на владата

Спорот и блокадата на транспорот на нуклеарен отпад за време на викендот беше главна тема во германската јавност. Многумина политички коментатори констатираа дека големите демонстрации, во кои дури имаше и насилство, не се само израз на незадоволство против складирањето на атомски отпад во Германија, туку и протест против атомската политика на владата на канцеларката Ангела Меркел и пред се’ одлуката за продолжување на работниот век на атомските централи. Министерот за животна средина Норберт Ретген синоќа во телевизиско интервју уверуваше дека двете работи треба да се посматраат независно една од друга.

Castor Transport

„Прашањето за складирање на високорадиоактивниот отпад се поставува целосно независно од прашањето за продолжувањето на работното време на атомските централи, зашто ние веќе 40 и повеќе години ја користиме нуклеарната енергија од која произведуваме струја, што пак произлегува отпад за кој имаме обврска да го отсраниме“, истакна Ретген.

Министерот се осврна и на повеќечасовните судири во текот на вчерашниот ден меѓу противниците на транспортот на атомски отпад и полицијата, во кои беа употребени палки, солзавец и водени топови, а беше запалено и едно оклопно полициско возило:

„ Ние го почитуваме правото на секој граѓанин да демонстрира за цел која смета дека е исправна, но за насилството како средство за политичка пресметка немаме никакво разбирање“, истакна Ретген.

Автор:СН/ЖА/дпа/дв/афп

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM