1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Граѓаните не мора да се грижат за заштеденото

Германската влада ги предупредува граѓаните дека паника не е потребна и покрај радикалните промени во светскиот финансиски систем. Заштедите на граѓаните се сигурни, нагласи сојузниот министер за финансии, Пеер Штајнбрук

default

Министерот за финансии Пеер Штајнбрук денеска (25.09.2008) во Бундестагот

Во владината изјава посветена на светската финансиска криза и последиците по Германија од неа, министерот за финансии Пеер Штајнбрук предупреди дека се можни негативни последици по стопанскиот пораст и пазарот на работна сила, но дека нема потреба да се крева паника што се однесува до сигурноста на заштедите на граѓаните: „Светот веќе нема да биде ист како пред кризата и во наредниот период ќе треба да сме свесни дека стопанскиот пораст во светот ќе се намали, а тоа по извесно време, ќе се одрази и на пазарите на работна сила“, рече Штајнбрик, и нагласи: „Прво, меѓународниот кризен менаџмент досега функционираше. Не се случи колапс на светските финансиски системи, и тоа и покрај тоа што во последните недели на финансиските пазари доживуваме натамошно влошување на најлошата банкарска криза со децении. И второ, граѓаните не мора да се плашат за своите заштеди.“

Кризата се шири како отровен нафтен тепих Сепак, министерот за финансии подвлече дека се работи за сериозна криза, која како отровен нафтен тепих се шири од САД во цел свет. Со кризата, како што рече Штајнбрик, завршува времето на незаузданиот капитализам. Според него, планираниот американски пакет од 700 милијарди долари, за спасување на финансискиот систем е исправен, но тој смета оти сличен пакет во Европа или Германија не би имал смисла. „Кризата на финансиските пазари е пред се‘ американски проблем“, рече Штајнбрук пред пратениците. Министерот побара, како последица на радикалните промени поради кризата, на финансиските пазари да бидат воведени нови правила, како на пример - банките да бидат принудени за ризични бизниси да остават како гаранција повеќе сопствен капитал.

Недостига самокритика Либералите се согласуваат со анализата на Штајнбрик за кризата во банкарството. Но, како што велат, она што недостига е малку повеќе самокритика: „Разочарани сме што не потрошивте ниту збор самокритика за погрешните потези и државните гаранции кои всушност мораше да ги има“, изјави експертот на ФДП за финансиски прашања, Ото Солмс.

Deutschland Wirtschaft Finanzmärkte Börse in Frankfurt

Берзата во Франкфурт - партијата на Зелените бара данок на берзански промет

Шефот на фракцијата на зелените во Бундестагот, Фриц Кун, побара воведување данок на берзански промет. На тој начин, според него, трансакциите би можеле да се забават во темпото, а освен тоа приходот од данокот би можел да се употреби за справување со последиците од банкарската криза.

Шефот на фракцијата на партијата на левицата, Оскар Лафонтен говореше за духовна и морална криза на индустриските општества. Политиката им се потчинила на игрите на пазарот, рече тој. „Веќе немаме социјално пазарно стопанство поради режимот на меѓународните финансиски пазари“, рече Лафонтен, подвлекувајќи дека последиците ги сносат работниците, пензионерите и примателите на социјална помош.