1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Граѓаните на Луксембург остануваат најбогати

Според најновиот извештај на европскиот завод за статистика Евростат, граѓаните на Луксембруг се во просек дваипол пати побогати од просечниот граѓанин на Европа.

Во истражувањето на Евростат на куповната моќ на граѓаните на Европската унија, Луксембург ја задржа првата позиција. По него следуваат Холандија и Австрија, каде граѓаните можат да си дозволат 30 проценти повеќе отколку просечниот европски граѓанин, а во Германија граѓанинот има на располагање 20 проценти повеќе од просекот. За разлика од најбогатите, куповната моќ на граѓаните во Бугарија и Романија пак, е само половина од онаа на просечниот Европеец.

За својот годишен извештај за куповната моќ, статистичарите на ЕУ го споредуваат таканаречениот Стандард на куповна моќ (ККС). Тоа е вештачка валута со која се пресметуваат разликите меѓу националните нивоа на цени. Со еден ККС во сите земји на ЕУ може да се купат еднакви количества производи или услуги.