1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Граѓаните на Кипар ќе гласаат уште еднаш

Конзервативниот политичар Никос Анастасиадис однесе јасна победа по првиот круг претседателски избори на Кипар. Бидејќи на освои апсолутно мнозинство мора да се одржи и втор круг.

Според првичните резултати Никос Анастасиадис освои 45,4 проценти од гласовите на граѓаните на Кипар. Поранешниот министер за здравство Ставрос Малас се пласираше на второто место со освоени 26,9 проценти, додека претставникот на политичкиот ценатар Јоргос Лиликас е на третото место со освоени 24,9 проценти од гласовите. Според овие резултати во вториот круг силите ќе ги одмерат Анастасиадис и Малас.

Анастасидис веќе изрази уверување дека на вториот круг избори за една недела ќе однесе победа. Сепак ги повика граѓаните наредната недела да му ја искажат довербата. Значителната предност пред второпласираниот Малас, 66 годишниот Анастасиадис пред своите приврзаници ја толкуваше како: „Победа на силите, кои сакаат Кипар да сврти нова страница“.

Wahlen Zypern Strassenszene

Кипар

Малас му честиташе на неговиот ривал за победата во првиот круг од изборите и оптимистички гледа на вториот круг: „Оваа битка ќе ја освоиме“, изјави Малас во Никозија и се заблагодари на Комунистичката партија и другите левичарски сили за поддршката.

На високозадолжениот Кипар му се заканува државен банкрот. Победникот на претседателските избори ќе треба да се соочи со тешката економска и финансиска состојба на земјата и ќе биде исправен и пред задачата, со донаторите од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд да ги утврди условите за пакет помош за Кипар, која беше поднесена минатиот јуни.

Претседателот на Кипар се бира на директни избори. Тој ја определува и ја води владата. Прво на гласа имаа 545.000 грчки Кипарци. Според надлежните органи на изборите излегле околу 83 проценти, што е под излезноста на поранешни гласања. Во Кипар имано постои обврска за излегување на избори и доколку не се исполни оваа должност следува парична казна.