1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Граѓаните му ја испорачаа оставката на градоначалникот на Дуизбург

Речиси година и половина по трагедијата на „Љубовната парада“ во Дуизбург, граѓаните на референдум гласаа за заминување од функцијата на градоначалникот Адолф Зауерланд.

default

Градоначалникот на Дуизбург , Адолф Зауерланд

Резултатот беше појасен отколку што се очекуваше. 85,8 проценти од оние граѓани на Дуизбург кои излегоа на гласањето го поддржаа ставот дека контроверзниот градоначалник Адолф Зауерланд треба да си замине од функцијата додека 14,2 проценти беа против.

130 илјади граѓани гласаа за итна оставка на омразениот градоначалник, речиси 40 илјади повеќе од потребното. Кога во фоајето на градската куќа на Дуизбург беше соопштен резултатот од граѓанското изјаснување, во таборот на противниците на Зауерланд следуваше големо славје.

Duisburg Wahlen Buergerentscheid

Плакат со кампањата на противниците на Зауерланд

Тврдоглавиот Зауерланд

Зауерланд беше обвинет дека сноси политичка одговорност за трагедијата во 2010. година, затоа што дал одобрение за оддржување на големата техно забава и покрај недоволно гарантираните безбедносни мерки.

За време на „Љубовната парада“ во 2010. изби масовна паника и во човечко стампедо загинаа најмалку 21 гостин на големата техно забава, а повеќе од 500 беа повредени.

Зауерланд по трагичната „Љубовна парада“ беше навредуван, трпеше закани и беше полиен со кечап за време на еден говор. Но, тој упорно одбиваше доброволно да даде оставка и едноставно продолжуваше да ја извршува функцијата.

Час и половина по вчерашното соопштување на резултатите од граѓанското изјаснување видливо потресен Зауерланд се појави пред новинарите: „Јас со задоволство бев градоначалник на Дуизбург, и со срце и страст ја извршував функцијата“, изјави тој.

Deutschland Duisburg Juli 2010 Unglück Loveparade

Илјадници млади луѓе во масовна паника на „Љубовната парада“ во Дуизбург во јули 2010.

Трагедијата се’ уште е дел од духот на Дуизбург

Многу граѓани на Дуизбург и натаму чувствуваат срам и огорченост, бидејќи Зауерланд речиси цела една година не се извини за катастрофата на техно парадата. Некогаш многу омилениот градоначалник со тоа и со одбивањето да даде оставка во медиумите и за многу граѓани на Дуизбург стана лице на трагедијата.

Случувањата од 24. јули 2010 година ни оддалеку не се заборавени во Дуизбург. Тесниот уличен тунел во кој стотици млади луѓе се бореа за живот, а 21 беа притиснати или прегазени до смрт е прометен. Бројни граѓани на Дуизбург мораат секојдневно да минуваат низ него и постојано чувствуваат дел од ужасот.

По вчерашната одлука повеќе стотици граѓани се собраа пред градската куќа, славеа, вееја знамиња и направија мал огномет во надеж дека барем дел од болката и огорченоста ќе ја снема со заминувањето на Зауерланд.

Автор: СН/ БГ/ дпа/ дапд

Редактор: Александра Трајковска