1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Граѓаните во Тајланд го одобруваат пучот

Според извештаите на очевидци,военото раководство значително го намалило присуството на своите трупи во главниот град Банкок.Воената влада најави дека во рок од две недели власта ќе ја предаде на цивилна власт,а до октомври 2007 година ќе бидат одржани демократски избори.

default

Невообичаени сцени на улиците на тајландскиот главен град Банкок.Насекаде околу кралската палата блокади,пред зградата на владата се поставени тенкови.А многумина Тајланѓани им делат цвеќиња на војниците.Според една анкета на весникот Банкок пост околу 80 проценти од жителите го главниот град го поддржуваат воениот пуч.Повеќе од 70 проценти дека преку него ќе заврши политичката криза во земјата.Но,на улиците се слушаат и многу загрижени гласови:

-Мислам дека ова не смееше да се случи.Но,сега веќе се случи,па се надевам дека добро ќе заврши.

Тајландските деловни луѓе стравуваат дека воениот пуч ќе ги одврати туристите:

-Пред се треба да не грижи бизнисот,туристите и тајландската економија,тоа е најважното.

Тајландските пучисти околу генералот Сонти најавија дека во рок од две недли власта ќе им ја препуштат на цивилите.Очигледно,голем дел од граѓаните во Тајланд веруваат дека тоа и ќе се случи.Уредникот на весникот Банкок Пост на телевизија изјави на телевизија дека и порано имало смена на власта преку пучови:

-Во 1991 година,генералите го сменија тогашниот генерал на чело на државата преку пуч и донесоа премиер.Мислам дека војската веќе одамна свати дека нема искуство за управување со земјата.

Кралот Бумибол Адунјадет вети поддршка на армиското раководство.Можно е тој и претходно да знаел за пучот,во кој биле вклучени мал круг генерали,меѓу нив и генерал Прем,воен советник на кралот.

Најпрво би требало да следи цивилна влада,а за една година избори,како и донесување нов устав.Кој ќе биде нов премиер,не е јасно.Весниците пишуваат дека не е целосно исклучено во новата влада да влезат и членови на досегашната,на премиерот Таксин Шинаватра.А што ќе стане со него,останува отворено прашање.Пучистите соопштија дека како тајландски државјанин тој може да се врати во секое време.Но,веројатно ќе треба да одговара поради обвинувањата за корупција.