1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Граничниот спорт меѓу Словенија и Хрватска ќе се решава во Хаг

*

По долгогодишен спор околу границата меѓу Словенија и Хрватска на море и спорните точки на копно, премиерите на двете земји се договорија проблемот да го решава Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Премиерите Јанез Јанша и Иво Санадер се согласија државите да формираат меѓудржавна комисија за границата со правни експерти, кои би требало до крајот на годината да подготват спогодба за Хашкиот суд. Таа претходно треба да биде потврдена во парламентите на Словенија и Хрватска. Судирот околу границата, од прогласувањето независност на двете земји во 1991 година, постојано предизвикуваше политички тензии во билатералните односи.