1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Граница што дели држави, но и семејства

Околу 3000 жители на Северна Кореја успеаја во последната година да пребегaат во Јужна Кореја, што е рекорд сам по себе. Односите меѓу двете држави се се‘ уште затегнати.

default

Среде таа ничија земја, на граничната линија меѓу Северна и Јужна Кореја, војската на Јужна Кореја ретко дозволува да се фотографира или да се снима. Долу, во маглата, лежи таканареченото „село на пропагандата“, кое Северна Кореја го изгради точно на границата за да покаже дека наводно има висок стандард, но куќите се само кулиси, а местото е ненаселено. Комунистичкиот режим долж границата постави направа за блокирање на странските радио и телевизиски програми, вели јужнокорејскиот офицер. Западните новинари, нормално, не смеат да допатуваат во северот.

Nordkoreanische Schüler bei Aufführung unter einem Bild von Kim Jong Il

Култот на личноста на Ким Јонг Ил пред се‘ останато

Како навистина живеат луѓето во изолираниот режим, нема сигурни информации. Во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, во училиштето Јеомјунг, учат бегалци од Северна Кореја. Изгледаат како деца, иако притоа поголемиот дел од нив се постари од 20 години. Поради недоволна исхранетост, тие имаат застој во развојот на телото. За да ги заштитат своите семејства во Северна Кореја, сакаат да бидат снимани само во група. Нивното општо знаење е на ниво на основно училиште, велат учителите. Во Северна Кореја, култот на личноста на Ким Јонг Ил и политичкото воспитување како дел од наставниот план се пред се‘ останато.

Тежок бегалски живот

Бегалецот Ли има 26 години. Неговите родители починале од глад. Тој сака да остане анонимен, за да го заштити својот помал брат од можно гонење. „Во Северна Кореја, моето семејство беше во постојана потрага по храна, често гладувавме, немавме соодветна облека. Бегството е навистина опасно, покрај граничарите со нивните автоматски пушки. Така, преку реката Јало морав да пливам кон Кина и таму со месеци да се пробивам, додека да успеам да дојдам во Јужна Кореја", вели Ли.

Околу 3000

Nordkorea will Landesgrenze zu Südkorea schließen | Freies Bildformat

Границата помеѓу комунизмот од каменото доба и турбо-капитализмот

Севернокорејци во последната година успеаја да пребегаат на југ, што е своевиден рекорд. Промената од комунизам од каменото доба во турбо-капитализам, за многумина е културен шок.

Така и за дваесетгодишниот Ким, кој нема страв да го покаже своето лице, бидејќи веќе избегало целото негово семејство: „Во Јужна Кореја дојдов пред четири години и на почетокот имав големи тешкотии да најдам пријатели. Често ме исмеваа поради мојот севернокорејски дијалект и бев „аутсајдер“. Во меѓувреме стана подобро."

Надеж за повторно обединување

Назад на границата, на единственото место каде што посетителите имаат слободен пристап. Постарите генерации, оние кои ја преживеале корејската војна, пред се‘, се оние кои се надеваат на повторно обединување на северот и југот. Токму сега, кога има срамежливи знаци на намалување на тензиите. Често на ова место доаѓаат бегалци кои им оставаат симболични поздрави на роднините во Северна Кореја. Бодликавата жица не дели само две држави, туку и илјадници семејства во Северна и во Јужна Кореја.

Автор: Михаел Алтенхене / Ана Алибегова

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска