1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Границата по признавањето на Косово?

Во Скопје се очекува формирањето на комисијата за демаркација на македонско косовската граница. Од Приштина, но и од американска страна, стигнуваат пораки дека прво Косово треба да биде признаено како независна држава

default

Косово очекува најпрво чекор од Скопје

Македонија официјално се обрати до Приштина и се очекува во најскоро време да започне процесот на формирање на заедничката комисија која понатаму треба да ја демаркира заемната граница, пренесе владиниот портпарол Ивица Боцевски.

Оваа изјава следеше откако од Приштина по втор пат за две недели стигнува порака дека разговорите за обележување на македонско косовската граница ќе започнат откако Скопје официјално ќе ја признае новата држава. Ова го порача и американскиот генерал Џон Даворен, командант на КФОР. Сега станува јасно дека претходната идентична изјава на косовскиот вицепремиер Хајредин Кучи – прво признавање, па потоа демаркација, не е воопшто случајно, иако властите реагираа.

Но, кога ќе биде признаено Косово зависи од националниот интерес на Македонија, порачува во континуитет шефот на државата Бранко Црвенковски.

Признавањето на Косово и внатрешна тема

Прашањето на признавањето на Косово е и домашно политичка тема, тоа е еден од шесте услови што лидерот на ДПА Мендух Тачи му ги постави завчера на премиерот Никола Груевски за да остане во владата. Опозиционата ДУИ веднаш по прогласувањето независност на Косово ги повика властите во Скопје да ја прифатат реалноста. Џеват Адеми неодамна ја критикуваше владината тактика на исчекување во признавањето на соседот.

Минатата недела Стејт Департментот преку високиот дипломат Даниел Фрид испрати порака до Скопје- не мислам демаркацијата со Косово не е проблем, не слушнав во Приштина за ниту едно навестување за претензии од Косово кон Македонија, изјави Фрид во Скопје минатата недела.