1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Грандиозниот Роналдо го одведе Манчестер во финалето

На „Стенфорд Бриџ“ во Лондон екипите на Челзи и Барселона го играат одлучувачкиот реванш натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите. Победникот во Рим ќе игра против актуелниот европски шампион Манчестер јунајтед.

default

Манчестер јунајтед подобар од Арсенал

Манчестер Јунајтед е првиот финалист во Лигата на шампионите. „Црвените ѓаволи“ синоќа со 3:1 во реваншот го совладаа Арсенал на неговиот стадион „Емирати“ во Лондон. На домашниот стадион „Олд Трафорд“ пред една недела Манчестер исто така славеше со минимални 1:0.

По само 11 минути игра, Манчестер преку Парк Ји Сунг и Кристијано Роналдо, поведе со 2:0. Најдобриот играч во светот, Роналдо, во продолжението го постигна вториот гол за 3:0, а Робин Ван Перси за утеха на Арсенал намали на конечни 3:1.
Инаку вчерашните два гола на Роналдо беа негови четврти и петти гол во Лигата на шампионите оваа година.

Целосна неизвесност на „Стенфорд Бриџ“

Во Рим, избраниците на сер Алекс Фергусон ќе ја бранат европската титула. Доколку успее во тоа, Манчестер ќе бид прв клуб што ја одбранил титулата во Лигата на шампионите.

Се разбира, претстои уште една пречка во финалниот натпревар. Вториот финалист ќе биде познат вечерва по реванш - натпреварот на „Стенфорд Бриџ“ во Лондон, меѓу Челзи и Барселона. Првиот натпревар на „Камп Ноу“ заврши без голови.

Автор: СН/ТТ/ројтерс

Редактор: Александра Трајковска