1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Гранати врз седиштето на владејачката партија во Сирија

Ситуацијата во Сирија и натаму е затегната. Претседателот Башар ел-Асад продолжува да ги игнорира апелите од меѓународната заедница. Тој најави натамошна борба против, како што ги нарекува, „вооружените банди.“

default

Протести против Башар ел-Асад во Сирија

Седиштето на владејачката Баат-партија на претседателот Башар ел-Асад во Дамаск е погодено најмалку од две гранати, информираат очевидци. Силите за безбедност и пожарникарските екипи забраниле пристап до објектот, кој во моментот на експлозиите бил празен.

Претседателот на Сирија Башар ел-Асад и натаму се противи да потклекне пред меѓународниот притисок на кој е изложен. Во случај на воена интервенција од надвор подготвен е да се бори и да умре, изјави Асад за британскиот весник „Сандеј Тајмс“. 46-годишниот Асад најави дека и натаму ќе презема мерки против „вооружените банди“ во неговата земја.

Од почетокот на протестите против владата на Асад пред осум месеци, според проценките на Обединетите нации, убиени се повеќе од 3.500 луѓе.

Автор: АТ/ афп/ дпа/ ртр

Редактор: Е. Милошевска Фиданоска