1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Градски водич за девојките од село

Книгата би требало да биде „свето писмо“ за младите румени девојки од село од Русија во хаосот на големите градови. Водичот ги опфаќа основните теми: како да изгледаат, како да се однесуваат и како да „фатат“ маж.

default

Практични совети за снаоѓање во градот

Марија Макаревскаја помага за појавата на овој практичен прирачник. Вели, идејата и‘ дошла после изборот за „Мис на провинција“, кога во Москва се собрале убавици од цела Русија. Марија тврди дека ги знае триковите кои се потребни да се помине низ московскиот живот. Нашминкана, дотерана, со тесни сјајни пантолони и потпетици од 15 сантиметри, Марија вели дека на девојките од село, многу ќе им бидат корисни нејзините совети.

„Луѓето од село се примитивни. Во Москва се‘ се врти околу тоа како изгледаш, а имаш само една шанса да оставиш добар прв впечаток. Важно е како си облечена, како се смееш, дали очите ти се сјајни. Па ако сакаш работа или маж - мораш да имаш прирачник.“

Атрактивната Ања Можехајск седи на клупа во паркот до Пушкиновиот плоштад и делува очајна. Зад неа, на една зграда, стои огромен билборд кој го рекламира филмот „Москва, те сакам“. Но Ања не ја сака Москва:

Junge Frauen mit Laptop

„Овде сум една и пол година и се‘ уште не се чувствувам пријатно, не знам дали воопшто некогаш ќе се опуштам во Москва. Повеќе сакам да бидам крупна риба во мала бара - овде се чувствувам проголтано.“

И како сега овој водич треба да им помогне на девојките од село?


Марија Макаревскаја вели дека книгата се заснова на нешто што секоја селанка го знае - азбуката.

„Секоја буква се фокусира на важна тема. Да речеме ‘Б’ за безбедност, ‘К’ за каде да се најде маж, или пак ‘З’ која означува - зошто сум тука?“

Анастасија Николаева исто така е дојдена од селце во Сибир. И таа помогнала во пишувањето на прирачникот кој, како што тврди, ќе им помогне на невините девојки да се снајдат и да ги избегнат честите грешки.

Junge Frau im Abendkleid

Во Москва се цени изгледот

„Тешко е да се најде работа, тешко е да се снајдеш на факултет и да пронајдеш маж. Оваа книга ги осветлува тие теми од сите можни агли.“

Ања едвај чека прирачникот да биде објавен.

„Има девојки кои не веруваат во подобро утре и не знаат што носи иднината. Можеби ним ќе им помогне оваа книга.“

Ја прашуваме Ања дали книгата ќе и‘ помогне и нејзе. А таа меланхолично гледа преку раменици во натписот „Москва те сакам“ и вели дека за неа е предоцна.

Автор: Џесика Голохер/ Владимир Калински

Редактор: Жана Ацеска