1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Градоначалникот на Љубљана уапсен поради корупција

Лидерот на словенечката опозиција и градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ, е уапсен утринава (27.09.2012) во една од најголемите истраги за корупција во земјата, заедно со уште петмина осомничени.

default

Покрај Јанковиќ, уапсен е и неговиот син, бизнисменот Јуре Јанковиќ.

Националното истражно биро, заедно со полицијата и иследниците, извршија претрес на 23 локации во подрачјето на Љубљана, вклучувајќи ги и куќата на градоначалникот Јанковиќ, како и канцелариите на Градското собрание, пренесоа словенечките медиуми.

Полицијата сооопшти дека шестмина осомничени се притворени, во рамки на истрагата за стопански криминал и корупција, што траела 1,5 години.

Официјални лица во Љубљана потврдија дека градските канцеларии се претресени и запечатени и дека на вработените им било оневозможено да имаат пристап до работните места.

Претресени се и канцелариите на компаниите поврзани со семејството Јанковиќ, како и на фирмата „Греп“, што учествувала во изградбата на спортскиот комплекс „Стожице“.

Дневниот весник „Финанце“ цитираше неименуван полициски функционер кој изјавил дека цел на истрагата се трансакции во недвижности и деловни односи околу спортскиот комплекс „Стожице“.

Медиумите во август пишуваа дека Даночната управа го сомничи Јанковиќ за злоупотреба на службената положба, фалсификување на деловни книги и измама на кредиторите, потсетуваат словенечките медиуми.

Јанковиќ и неговата коалиција „Позитивна Словенија“ освоија најголем број гласови на парламентарните избори во декември минатата година. Јанковиќ, меѓутоа, не успеа да формира влада.