1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Градоначалникот на Тулуз не сака Мохамед Мерах да биде погребан во градот

Погребот на 23-годишниот исламистички убиец од Тулуз е одложен за 24 часа. Мохамед Мерах требаше да биде погребан денеска во градот, откако Алжир одби тоа да биде сторено на негова територија.

Грдаоначалникот на Тулуз, Пјер Коен, не сака терористот од Тулуз, Мохамед Мерах, да биде погребан во градот и го одложи погребот, закажан за денеска попладне (29.03) за 24 часа.

„По одбивањето на Алжир во последен момент да ги прифати посмртните останки на Мохамед Мерах, градоначалникот Пјер Коен чувствува дека неговото погребување на територијата на градот Тулуз не би било соодветно. Затоа градоначалникот одлучи да побара од регионалниот префект да го одложи погребот за 24 часа“, соопшти неговата канцеларија.

Претходно, беше соопштено дека Алжирецот со француски пасош Мерах, кој уби седум лица во Тулуз и Монтабан, ќе биде погребан денеска во Тулуз, во муслиманскиот дел на гробиштата Корнбарио.

Тоа го најави Абдала Зекри, советник на раководителот на Големата џамија во Париз, откако Алжир одби посмртните останки на Мерах да бида погребани на негова територија. Одбивањето беше образложено со безбедносни причини. Ковчегот со телото на Мерах требаше да биде донесен во Алжир со лет на „Ер Алжери“. Таткото на Мерах сакаше тој да биде погребан во гратчето Безаз, каде е и роден.