1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Градоначалникот на Бриндизи за атентатот ја обвинува мафијата

Шок во Бриндизи - три експлозии пред едно училиште во градот убија едно девојче, една ученичка е во животна опасност, а повредени се уште осум други девојчиња.

„Ова е напад на организираниот криминал“, изјави градоначалникот на Бриндизи Косимо Консалес за телевизијата ТелеНорба, по нападот пред училиштето „Франческа Морвиљо Фалконе“ што се случи изутрината (19.05). Според најновите податоци, бомбите експлодирале во 07:45 минути на влезот во училиштето за мода, во време кога учениците доаѓале на настава.

Министерката за внатрешни работи на Италија Ана Марија Канчељери е повоздржана од градоначалникот: „Ќе дадеме изјава кога истрагата ќе се конкретизира“, рече таа, предупредувајќи да не се извлекуваат избрзани заклучоци.

Италијанскиот премиер Марио Монти, кој е на средбата на Г8 во САД, изјави дека владата е решителна во борбата против криминалот и ќе стори се‘ за да нема враќање на земјата во „субверзивни тенденции“. Во пишаната изјава Монти тврди дека владата ќе се бори против секаков вид криминал за да се спречи враќање на Италија во насилничкото и „субверзивно“ минато, чиј белег беа бомбашки напади на мафијата и политички мотивирани убиства.

Училиштето „Франческа Морвиљо Фалконе“ во Бриндизи го носи името на сопругата на познатиот ловец на мафијаши Џовани Фалконе. Тој беше убиен со сопругата и тројца телохранители во атентат на Сицилија, во мај, пред 20 години.