1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Градови на културата

Со иницијативата „Главен град на културата“ Европската унија ги истакнува различните карактеристики на континентот. Од Марибор и Гимараеш, преку Талин и Турку запознајте ја културата на Европа!

Титулата „Европска престолнина на културата“ се доделува од 2004 година, а изборот го врши Европската комисија. Но, проектот град- центар на културата е од поодамна. Дознајте повеќе, со еден клик: Што сака ЕУ со „Европската културна престолнина“

Марибор повторно заживува

Maribor 2012

Куклениот театар во Марибор

Марибор гордо е Европска престолнина на културата за 2012 година. Со многу елан и мал буџет словенечкиот индустриски град годинава прераснува во центар на културата.

Куклениот театар е една од неговите особености, но дознајте повеќе: Марибор сака да им ја приближи културата на луѓето

Гимараеш: мал град - голема надеж

Guimaraes Portugal Kulturhauptstadt Europas 2012

Поглед од аркадите на старото собрание кон Гимараеш

Мал и досега сосема непознат на северот на Португалија - Гимараеш годинава е платформа за уметноста и креативноста во Европа. Но, не само од уметнички агол, жителите на ова градче се надеваат дека со многубројните посетители ќе се разбуди и локалното стопанство. Прочитајте за Гимараеш - нов почеток на еден мал град

Уметничко доживување во Турку

Fluss Aurajoki Turku

Турку порта кон светот

Турку е најстариот град во Финска. Архитектонски тој не е некоја убавица, но градот од секогаш бил порта кон светот. Од културен агол познат е по неговите несекојдневни идеи како на пример борење во придружба на музика или поезија на тоалетна хартија. Кликнете и дознајте повеќе за: Град на „откачени“ идеи

Tallinn

Историски фестивал во Талин

„Културен километар“ во Талин

Приказни од морето гласеше мотото на Талин, главниот град на Естонија кој беше и главен град на културата во Европа во 2011 година. Еден од неговите повпечатливи проекти беше „60 секунди самотија во нултата година“. Прочитајте повеќе: Талин и неговите морски сказни

Градови на културата во 2010 година - Есен, Печуј и Истанбул

Градови на културата во 2009 година - Линц и Вилнус