1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Градинки во контејнери

Од 1 август децата од една година имаат законско право на место во градинка. Досега тоа важеше само за деца над три години. Многу општини до денеска беа под голем притисок да изградат градинки и да вработат воспитувачки

На Мартин Рајхвалд не му е до смеење. Тој не може да оди на одмор. Службеникот во германската општина Вајлерсвист мораше да се погрижи за 29 контејнери во кои ќе бидат сместени деца. Бидејќи од денеска и децата од една година имаат законско право на место во градинка. Досега тоа право важеше за децата од третата година од животот. Две недели пред клучниот датум беа поставени поединечните модули за провизорните градинки на површина со големина на фудбалско игралиште. 

Во жестоко темпо беа инсталирани приклучоци за вода, тоалети и кујни, монтирани беа маси за повивање, места за спиење, маси и столици. На крајот беа распоредени и играчки искосена тревата и поставена ограда. Сетоа тоа со огромна брзина бидејќи од денеска родителките , кои за своите деца нема да добијат место во градинка, можат да го тужат својот град или село.

Спорни бројки

Deutschland Bonn Kita im Container

Петер Шлесер, градоначалник на општината Вајлерсвист, Мартин Рајхвалд, началник за урбанизам и Хајке Ивен, директорка на градинка

И така ширум Германија се работеше и се градеше во последен момент, за барем приближно да биде остварено ова законско право. Сојузната влада, покраините и општините уште во 2007 година се договорија за отворање места во градинките и за децата од една до три години. Но додека да бидат одобрени градилиштата, ангажирани фирми за изградба и вработен персонал, времето истече.

Колку родители од 1 август навистина ќе ги пријават децата во градинка , не може никој точно да процени. Сојузниот завод за статистика процени дека ќе мора да бидат отвоени 780 илјади нови работни места ако 4 од 10 деца бидат сместени во градинка. Сојузната министерка за семејни прашања, Кристина Шредер, две недели пред денешниот официјален почеток на важање на законот говореше за 830 илјади места. Сепак критичарите се сомневаат во точноста на таа бројка.

Воспитување на повеќе јазици

Петер Шлесер, градоначалник на Вајлерсвист смета дека меѓу 50 и 70 насто од сите родителу во општините сакаат да ги дадат децата во градинка. Местото со 7500 жители бележи огромно зголемување на бројот на млади смејства. Општината лежи на крстопатот Блисхајм кој меѓу Келн и Ојскирхен ги поврзува автопатиштата А1 и А61.

Во индустриската област секојдневно настануваат нови работни места. Само во логистичкиот центар на еден ланец на супермаркети за козметика и домажинство работата 1600 луѓе од 62 нации. За Петер Шлесер тоа е позитивен развој. Тој може дури и да замисли да понуди и воспитување во градинките на повеќе јазици.

Kita im Container Suset Masson

Сузет Масон и синчето Луис

Сузет Масон , потекнува од Куба и перфектно говори германски . Таа повторно ќе започне да работи веднаш штом нејзиниот син добие позитивен одговор на барањето за целодневен престој во градинка. Во моментов детето е само претпладне во градинка, бидејќи доби место ограничено само на три часа дневно. Тој мора да биде меѓу деца и да научи германски, вели Масон и додава:

„Овде се пријавуваат деца под и над три години. Во Куба е многу едноставно. Ако мајката работи , децата, без никаков проблем, од третиот месец,  можете да ги оставите во градинка,

И Сузане Мелер која истотака живее во новата населба, се' уште не знае дали нејзините деца Лиза и Ларс ќе добијат место во новата градинка. Во моментов тие во друга градинка која е многу далеку од нивниот дом.

Посебни очекувања од воспитувачите

А каква е состојбата со персоналот? Генерално во Германија нема доволно стручна работна сила. Се проценува дека ширум земјата недостасуваат 60 илјади воспитувачи. Сојузот за заштита на децата стравува дека поради тоа би можеле да страдаат децата. Хајке Ивен, директорка на градинка , вели дка воспитувачите се добро обучени. Во нејзината градинка се добро подготвени и за чување на најмладите:

Kita im Container Susanne Möller

Сузане Мелер и нејзините деца, Лиза и Ларс

„ Веќе пет години имаме добри искуства со една група мали деца. Тие добро издржуваат кај нас, цел ден. Се разбира дека за мало дете не е лесно да биде во градинка до 16:30 часот, но по правило овде се чувствуваат добро. Ним им годи контактот со останатите дечиња врсници“.

Контејнерите како привремено решение

За градоначалникот Петер Шлесер, прашањето за чување на децата веќе подолго време е приоритет. Контејнерите, вели тој, се само привремено решение а притоа и скапо: нивното изнајмување ја чини општината 150 илјади евра.

„Веројатно за нас би било поефтино да им платиме отштета на родителите кои би не тужеле. Но тоа не би било праведно кон родителите“.

Поврзана содржина