1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Лицата на Германија

Градежниот работник Јохен Верц од Груjбинген

Неговото дело секојдневно се гази и по него минуваат автомобили: Јохен Верц гради улици. Работата меѓу течниот асфалт и валјаците е тешка физичка работа, а 12-часовен работен ден не е реткост.

default

Кога Јохен Верц го почнува својот работен ден со чаша кафе и цигара, од неговиот стан го гледа автопатот А8. Автопатот е главна сообраќајна артерија во јужна Германија, меѓу Штутгарт и Минхен. Некаде таму надвор се наоѓа и градилиштето на коешто денеска тој и неговите колеги ќе го поправаат коловозот. Симпатичниот градител на улици живее во скромни услови, под кирија, во еден стан на вториот кат. Куќата се наоѓа на еден рид во Грујбинген, село со 2.500 жители, среде планината Швапска Јура, во покраината Баден Виртенберг. Тој е роден во местото Визенштајг, на само 7 километри оттука. Целиот свој живот го поминал овде.

Самохран татко

Пред да излезе од дома околу 6.30 часот, 43-годишниот татко го буди својот деветгодишен син Јулијан и му дава упатства за денот. Верц е разведен од 2001 година.

Gesichter Deutschlands Porträt JoWöP2

Работата е напорна, но со хумор, шеги и вицови е поподнослива

Неговата бивша жена се‘ уште живее во близина. Двајцата го делат старателството над заедничкиот син. И мајката и сестрата на Јохен Верц живеат во соседството. Двете му помагаат во воспитувањето на Јулијан. Неколку стотини метри од куќата се наоѓа седиштето на градежната фирма за нискоградба и поправање улици „Мол“, од Грујбинген. Верц таму, пред 27 години ја почнал својата обука. Сега е сменоводител. Фирмата постои веќе 70 години. Во нејзе се вработени повеќе од 100 работници. Од фирмата се заминува на некое од градилиштата кои обично се наоѓаат во радиус од 40 километри.

Верц и неговите колеги нанесуваат слој на улицата. Работата на неговата група почнува тогаш кога ќе завршат грубите работи. Јохан Верц и неговите колеги ги нанесуваат последните 2 до 3 сантиметри асфалт. На почетокот тој е 160 степени врел. Работата е напорна и сите се облеани со пот. Со хумор, шеги и вицови ја прават да биде поподнослива.

Куса пауза, долг ден

Во 10.30 часот - пауза. Во кутијата за појадок Верц носи овошје, неколку парчиња леб, кашкавал, различни видови салама. По половина час се продолжува со работа - до

Gesichter Deutschlands Porträt JoWöP3

Самохраниот татко има помош од мајка му и сестра му во воспитувањето на синот Јулијан

вечерта. Понекогаш работниот ден трае повеќе од 12 часа. Се работи од април до ноември. Од декември престануваат да работат неколку месеци, поради студеното зимско време. Во тоа време Верц и неговите колеги добиваат пари од Бирото за вработување, т.н.„пари за период на лоши временски услови“. Верц во тој период добива само 60 проценти од неговата вообичаена плата. Сепак, за одмор парите се доволни. Тој и неговиот син биле на одмор и во Египет.

Верц го набљудува светот низ очите на неговиот син. Тој му е се‘ на светот. Најважно за него е Јулијан да добие добро образование. За себе вели дека се надева оти некогаш ќе најде нова љубов.

Исполнет, напорен ден

Најголема радост за Јохен Верц е кога по исполнетиот работен ден ќе си дојде дома. „Знам дека син ми чека да се вратам“, вели тој. Негово омилено јадење е леќа со „шпецле“ (вид тестенини, типично јадење за тој регион). Но, најчесто тој и Јулијан мораат да се задоволат со тоа што имаат во фрижидерот. Одвреме-навреме Верц навечер оди во „Гостилница Елен“. Сопственикот е негов школски другар. Седи и пие пиво со пријатели и познаници на една маса што е постојано резервирана за нив. Овде сите се исти - градител на улици или шеф, чиновник или обичен службеник.

И пријателствата од неговата младост му се важни. Верц ја сака рок-музиката и би сакал често да посетува рок-концерти, но за жал, ретко која група доаѓа во Грујбинген. Сепак, за ништо на светот не би сакал да живее на друго место!

Автор: Али Амџад / Виолета Вај

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

WWW-линкови