1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Грабнувачите сакаат преговори со Сеул

*

Грабнувачите на дваесет и еден јужнокорејски заложници во Авганистан според сопствени наводи се подготвени на разговори со јужнокорејската амбасада во Кабул.Талибанците би ги воделе разговорите во главниот авганистански град,на некое друго место во земјата или во странство,соопшти нивниот портпарол Кари Јусуф Ахмади.Услов за ова е ОН да гарантираат нивна безбедност.Владата во Сеул потврди дека не е во состојба да ги исполни барањата на грабнувачите за размена на затвореници.Талибанците го спречија пристапот на авганистански лекар кон заложниците,од кои двајца се тешко болни.