1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Го имаш ли Папата на Фејсбук?

Светските денови на младите католици се во тек. Во Мадрид се собрани милион луѓе од целиот свет. На таа верска манифестација папата Бенедикт XVI се среќава со младите верници, т.н. „Генерација веб 2.0”.

default

Подготовките траеја релативно долго, а ја опфатија и омилената забава на припадниците на младите генерации – интернетот. За големиот настан опширно се известува на бројните блогови на интернет, но и на телевизиите и радио станиците.

Тука е се подразбира и неизбежниот Фејсбук.

Јозеф Ремел студира социологија, а Регина Фреј теологија. И двајцата живеат во Минхен и не можат да го замислат животот без интернет. Онлајн-светот кај нив е сеприсутен, не само на факултетот, туку и во приватниот живот:

„Околу два до три часа дневно сум на интернет. Понекогаш и подолго. За време на распустот и по четири до пет часа."

„Блогови всушност воопшто ги следам, единствено ако е нешто навистина посебно. На пример, сега за време на Светскиот ден на младите, ќе погледнам на интернет да видам што има ново.“

Интернет генерацијата и религијата

Затоа понудата на верските содржини на интернет нема крај: форуми, социјални мрежи, портали со вести - информативни страници на кои секој може нешто да напише. Тука се и онлајн-дневниците, популарните блогови. Еден од католичките блогери е и Штефан Лестинг од градот Рајна во Северна Рајна Вестфалија:

„Црквата и интернетот одат заедно. И свештениците денес користат интернет, тоа е сосема нормален дел од животот. Всушност, тие заеднички размислувања се сосема христијански.”

NO FLASH Spanien-Besuch zum Weltjugendtag Papst Benedikt XVI. 2011

Папата Бенедикт XVII на годинешните Денови на католичката младина во Мадрид

Штефан пишува блогови за религијата, Господ, етиката, а по повод Светскиот ден на младите и за тарифите на мобилните телефони во Шпанија. Целиот свет е онлајн, па така и католичкиот Светски ден на младите, вели Штефан. Секој кој не е во можност да отиде во Мадрид, на може да запали виртуелна свеќа на профилот на Фејсбук, посветен на манифестацијата.

Сојузот на католичката младина и повеќето млади католички верници се присутни на мрежата или низ своите страници на интернет, или се дел од социјалните мрежи, како што е Фејсбук. Георг Феслмајер ја уредува официјалната интернет страница на Светскиот ден на младите. Страницата ја популаризира таа голема манифестација и помеѓу другото им помага на младите верници заеднички да се организираат за патот во Мадрид.

Важност на интернет комуникацијата

Црквата денес веќе не може да си дозволи да биде скептична кон интернетот, доколку сака да ги придобие младите верници. Ватикан неодамна ги повика блогерите од целиот свет да дојдат во Рим на првиот Католички блогерски конгрес, потсетува Штефан Лестинг и додава:

„Ватикан пред извесно време утврди дека значењето на блогосферата е исклучително големо и дека тој има голема тежина. Ватикан едноставно сфати дека интернет-комуникацијата во меѓувреме стана многу важна.“

Автор: Фредерике Вреде/Светлана Брик

Редактор: Симе Недевски