1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Господ и Белата куќа

Американскиот претседател Буш важи за еден од најрелегиозните претседатели на САД. Tрадиционалистите се против хомосексуалните бракови, а американската државна помош наградува градови што се откажуваат од контрацепција.

default

Верата го избави од алкохолот

САД е една од најрелигиозните индустриски земји во светот. Скоро две третини од Американците се по некоја основа религиозни, преку викенди црквите се преполни. Повеќето од нив се молат секојдневно, дури и јавно, и веруваат во живот по смртта. Дали треба да не` чуди што религијата игра толку голема улога и во политиката?

Всушност, да, бидејќи поделеноста на државата од црквата е еден од темелниците врз кои се потпира американскиот устав. Меѓутоа, него ниту претседателот Буш не се осмели да го разниша, а не ни сакаше. „Разделеноста меѓу државата и црквата во Америка е се` уште недопрена. И тоа поради тоа што религијата е во корист, а не обратно. Во многу земји во Европа религиите се пред изумирање, но во САД цветаат - бидејќи, генерално, се поддржуваат. Меѓутоа, ако некому во САД му успее да ја укине разделеноста, тоа ќе претставува крај на религиозноста во САД“ – вели Алан Волф, експерт за религиозни прашања.

Буш не направи многу

Mormonen in der Kirche

Американските цркви преку викенд се обично преполни

Со претседателот Буш, религиозноста доби сосема нова димензија во Белата куќа. По контроверзниот избор на Буш во 2000 година, во Белата куќа се отвори ново работно место, ополномоштеник за хуманитарни дејности на црквите. Буш сакаше да ја ослободи државата од нејзините социјални обрврски и оваа задача да и` ја префрли на црквата. Меѓутоа, од оваа дистанца се чини дека ова само делумно се исполнило, смета Вилијам Галстон од институтот Брукингс. „Сметам дека тоа беше малку претерано. Многумина сметаат дека резултатите од овој обид изостанаа. Како што тоа обично бива во политиката, човек мора да направи јасна разлика меѓу реториката и реалноста. А реалноста вели дека хуманитарните активности во САД, во најголем дел, отсекогаш биле извршувани од организации базирани на религиозна основа. Верската иницијатива на Претседателот само малку го поттикна овој тренд, но не многу. Во никој случај не може да се каже дека дошло до драстичен пресврт во хуманитарниот сектор, никој не верува во тоа“ – вели Галстон.

„Оска на злото?“

Katholische Kirche in den USA

Црквите скоро секогаш ги предводеле хуманитарните активности во САД

А колку е религиозен самиот Буш? 43-иот претседател на САД со Бога се поврзал релативно доцна во животот, кога се откажа од алкохолот и тргна по патот на добрината. Државите вмешани во тероризам ги нарече „оска на злото“ и со тоа воведе нова, метафизичка категорија во меѓународната политика.

Во меѓувреме, евангелистите во САД пронајдоа нова почва за дејствување, надвор од Белата куќа. Со религиозна трудољубивост, тргнаа ги променат сите наставни планови во државата. Меѓу другото, сакаа дарвиновата теза за еволуцијата да ја заменат со т.н. „креационистички“ поглед на светот, во кој Господ ја има главната улога. Меѓутоа, Белата куќа веќе не игра некоја значајна улога во унапредувањето на религиозните права во земјата, дури и ако Сара Пејлин, кандидатката за потпретседател на републиканците, ги става на прво место. Експертот по религиозни прашања, Алан Волф смета дека улогата и влијанието на религијата во целост е значително намалаена: „Бројот на луѓето за кои религијата е најважна и кои политиката ја гледаат низ религиозна призма, во САД драстично опаѓа“.